Летото значи и дека тиквичките ги има насекаде, а доколку ви здодеа постојано да ги пржите или немате идеја како да ги подготвите – обидете се да направите уштипци од тиквички.
Рецептот за ова јадење го пронајдовме на Инстаграм профилот на блогерката за храна Кристина Петровиќ, а таа наведува дека се одличен избор за појадок. Исто така, можат да бидат и одлична опција за лесен летен ручек.
Потребни состојки:
• 2 помали тиквички
• 1 јајце
• 2 лажици палента
• 2 лажици брашно
• малку прашок за печиво
• ситно сирење
• моцарела
• млад кромид и свеж магдонос
• пармезан и зачини по желба
• малку масло
• сусам за наросување
Подготовка:
Тиквичките изрендајте ги, посолете ги и оставете ги да отстојат неколку минути. Потоа исцедете ги со раце или преку чиста кујнска крпа, сè додека целосно не ја отстраните водата.
Во исцедените тиквички додајте го јајцето, сирењата, ситно сечканиот млад кромид и магдоносот. Додајте ги палентата, брашното и прашокот за печиво, па сè добро измешајте. На крајот додајте ги зачините и малку масло.
Со раце обликувајте уштипци и редете ги во плех обложен со хартија за печење. Наросете ги со сусам и печете ги во рерна загреана на 180 степени околу 15 минути, додека не добијат златножолта боја.
Послужете ги со јогурт или павлака.






