Ако барате едноставен десерт кој не бара печење ниту класично готвење, оваа торта со бисквити, чоколадо и банани би можела да биде вистинскиот избор.
Подготовката трае само петнаесетина минути, па затоа е идеална за сите кои сакаат да направат вкусен колач без многу труд и комплицирани чекори.
Потребни состојки:
- две кесички чоколаден пудинг што не се вари
- 1 литар млеко
- 400 грама петит бисквити
- четири до пет банани, во зависност од нивната големина
- сок од портокал
- 200 грама чоколадо за готвење
- 150 грама слатка павлака за шлаг

Подготовка:
Најпрво подгответе го пудингот според упатството наведено на пакувањето, а потоа оставете го неколку минути настрана.
Петит бисквитите накратко потопете ги во сок од портокал, па редете ги во калап. Врз бисквитите распоредете слој од пудинг, а потоа додајте кругови банана. Повторувајте ја постапката додека не ги потрошите сите состојки.
На крај, растопете го чоколадото за готвење на пареа, додајте ја слатката павлака и мешајте додека не добиете мазна и изедначена глазура. Прелијте ја тортата со подготвената смеса и оставете ја во фрижидер најмалку два часа за добро да се стегне пред сервирање.
На здравје!




