Во хотел во Охрид е пронајдена почината 53-годишна жена од Белорусија, а смртта е констатирана од страна на лекар од Итна помош. Јавен обвинител наложил обдукција за да се утврдат причините за смртта.
Денеска во 07:45 часот во СВР Охрид е пријавено дека во хотел во Охрид била пронајдена почината 53-годишната И.Т. од Република Белорусија.
Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош од Охрид, а по насоки на јавен обвинител врз телото на починатата ќе се врши обдукција.
Се преземаат мерки за целосно разгледување на случајот.






