Играчите на Сити ја воочија првата главна разлика меѓу Мареска и Гвардиола

Дерби

06/08/2026

07:00

1.733

Големина на фонт

а а а

Манчестер Сити го победи тимот составен од фудбалски ѕвезди од Јужна Кореја со 3:1 во подготвителниот натпревар кој се одигра денеска, а бидејќи полека се ближи завршницата од подготовките за новата сезона, играчите имаат се помалце време за да ја темпираат формата во пресрет на првото коло.

Сити ќе биде навистина интересен за гледање после десетгодишната етапа во која владееше Пеп Гвардиола, па иако е премногу рано да се извлекуваат било какви заклучоци за неговиот наследник, играчите од првиот тим почнаа да ги извлекуваат првите заклучоци, но и да воочуваат разлика.

Денеска со директни изјави за тоа се јавија Нико Гонзалес и Антоан Семењо, при што двајцата дадоа прилично слични изјави за разликата во структурата.

– Сите знаеме дека Енцо и Пеп работеа заедно и сигурен сум дека Мареска има многу научено од него. Иако се многу слични, постојат и големи разлики. Сметам дека најголемата разлика е во структурата на тимот. Со Пеп Гвардиола менувавме доста шеми, еден натпревар знаевме да почнеме со двајца стопери, а потоа да го завршиме со три. Со Пеп бевме навикнати на многу промени, а сега со Енцо имаме поеднолична структура, – вели Нико.

– Со Пеп Гвардиола имавме многу различни шеми кои ги менувавме од меч во меч, а сега Енцо бара од нас да бидеме отворени странично и да создаваме шанси со директна игра. Станува збор за слична филозофија, но истовремено и доста различна, – изјави Семењо.