Претреси во Охрид, пронајдена дрога: Двајца уапсени

Макфакс

06/08/2026

13:50

261

Големина на фонт

а а а

Во Охрид беа извршени претреси во домови на двајца лица при што беа пронајдени и одземени марихуана и други предмети поврзани со кривично дело. Двајцата осомничени се уапсени и против нив ќе бидат поднесени пријави.

Вчера во Охрид, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид ги лишија од слобода 50-годишниот Р.С. и 46-годишниот С.Б., двајцата од Охрид.

При претрес во домот на Р.С., извршен по судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана, две дробилки со остатоци од марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

Додека, при претрес во домот на С.Б., извршен исто така со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана, шприц исполнет со кафеава материја, дробилка со остатоци од марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

По целосно документирање на настаните, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни пријави.