Утре без вода село Морани

Макфакс

06/08/2026

13:50

127

Големина на фонт

а а а

ЈП Водовод и Канализација известува дека утре ќе има прекин во снабдувањето со вода во село Морани поради дефект на затворач на улицата кај кружниот тек, а прекинот ќе трае се до санација на проблемот.

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре поради дефект на затворач од ф – 100 мм на улицата 1 б.б во село Морани кај кружниот тек, без вода ќе останат корисниците од село Морани, општина Студеничани.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 08.00 часот па се до отстранување на дефектот.