Сообраќајна незгода во Скопје: Тешко повреден мотоциклист и неговиот сопатник

Макфакс

06/08/2026

15:10

209

Големина на фонт

а а а

Во Скопје се случи сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило и мотоцикл, при што мотоциклистот и неговиот сопатник се тешко повредени, додека возачката и нејзината сопатничка се полесно повредени.

Вчера во 13:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 29-годишната А.Б.М. и мотоцикл „хонда“, управуван од Е.А.(24), двајцата од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле мотоциклистот и неговиот сопатник Р.И.(23) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле А.Б.М и нејзината малолетна сопатничка од Скопје, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје и ЈЗУ Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.