[ВИДЕО] Филипче: Криминалната група ВМРО физички се пресметува со деца затоа што ја зборуваат вистината

Макфакс

06/08/2026

16:10

277

Големина на фонт

а а а

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ја осуди физичката пресметка на деца од страна на активисти на ВМРО кои се обидуваат да ги замолчат младите кои ја зборуваат вистината за загадувањето на водата и другите проблеми во Македонија.

Криминалната група ВМРО физички се пресметува со деца затоа што ја зборуваат вистината, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во денешната изјава во Ново Село, во однос на вчерашниот инцидент, „кога млади луѓе членови на СДСМ, беа нападнати од активисти на ВМРО“.

Филипче во изјавата нагласи дека „младите социјалдемократи само ја говореа вистината за Гостивар, а овој инцидент не смее да се премолчи“.

„Беа нападнати млади деца. Млади деца кои што ја говореа вистината. А вистината е дека водата во Гостивар и во половина држава е загадена и не е за пиење. И кога веќе медиумскиот линч на организираната криминална група не помага, тие физички се пресметаа со децата. Со децата на Ново село, со децата на Македонија, кои што единствено нешто што правеа, ја говореа вистината“, рече Филипче.

Во изјавата, Филипче упати порака дека децата не се сами, а инцидентот е показател дека власта е исплашена.

„Упатувам порака, децата не се сами. Не беа сами синоќа, не се сами денеска, нема да бидат сами ни утре. Ова е знак дека власта е исплашена. Исплашена е заради тоа што излегува вистината за загадената вода, излегува вистината за економијата, излегува вистината за Европа, излегува вистината за тоа дека сега сме слепо црево на Европа“, рече Филипче.

Воедно, тој побара итна истрага и реакција од Министерството за внатрешни работи и од Јавното обвинителство.

„Затоа што беа активисти на ВМРО, затоа што беа луѓе блиски на Христијан Мицкоски. Тие луѓе кои што посегнаа по тоа да физички се пресметаат со младите деца кои повторно ќе кажам, ја говореа вистината“, рече претседателот на СДСМ.