Утре времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност и повремено засилен северен ветер особено долж Повардарието. Попладне се очекуваат локални нестабилности со пороен дожд и ретки грмежи, а температурите ќе достигнат и до 40 степени.
Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 37 степени.
Продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која во некои места ќе достигне до 40°C. Во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.






