Откриени деталите за свадбата на Зендеја и Том Холанд: Месеци по тајната церемонија, тие организирале прослава како од бајките

Точка

07/08/2026

08:10

1.031

Големина на фонт

а а а

Иако, како што беше откриено пред неколку месеци, тие се венчале далеку од очите на јавноста, најверојатно на почетокот од годината, Зендеја и Том сега го прославиле својот брак со семејството и најблиските пријатели на интимна прослава одржана во луксузен хотел во Англија.

Детали за свадбата на Зендеја и Том Холанд

Според списанието „Пипл“, парот организирал приватна прослава на 4 август во хотелот „Бивербрук“ во Сари, Англија, раскошен селски имот со 56 соби и апартмани распослани на 150 хектари.

Хотелот се наоѓа недалеку од родниот град на Том, Кингстон на Темза, во југозападен Лондон.


Извор близок до парот открил дека прославата била инспирирана од природата.

„Венчавката имаше многу природна тема“ рекол неименуваниот извор и додал дека браќата на Том, Сем, Хари и Пади, присуствувале на прославата, престојувале во колибите на имотот и носеле црни смокинзи украсени со мали полски цвеќиња на реверите.

Љубовната приказна започнала на снимањето

Познато е дека сите главни актери од франшизата „Спајдермен“ се заљубиле, но само Зендеја (29) и Том Холанд (30) успеале да „опстанат“. Тие се запознале за време на снимањето на првиот филм за Спајдермен и со години тврделе дека се само пријатели, иако гласините за нивната врска биле многу гласни.

Јавноста ја доби конечната потврда во 2021 година, кога беа фотографирани како се бакнуваат во автомобил.


Недолго потоа, Том ѝ го честиташе роденденот на Зендеја со заедничка фотографија на социјалните мрежи.

Долго се обидувале да останат „под радарот“

На почетокот од 2025 година, Зендеја носела голем дијамантски прстен на доделувањето на наградите „Златен глобус“, предизвикувајќи гласини за свршувачка. Веќе следниот ден беше потврдено дека таа и Том Холанд навистина се свршиле.

Месеци подоцна, нивниот стилист Лу Роуч навестил дека венчавката веќе се одржала.


„Венчавката веќе се одржа. Ја пропуштивте“, рекол тој на црвениот килим на доделувањето на наградите „Actor Awards“.

Зендеја дополнително ги разгоре шпекулациите кога се појави на Оскарите со бурма, а конечната потврда дојде дури во јуни, кога Холанд во едно интервју ја демантирал веродостојноста на свадбените фотографии, кои се проширија на социјалните мрежи, но биле создадени со помош на вештачка интелигенција.


Зендеја и Том се обидуваат да ја зачуваат својата приватност

Во последните месеци, за време на промоцијата на „Одисеја“ и филмот „Спајдермен: Новиот ден“, Том сè почесто ја нарекува Зендеја своја сопруга. За време на гостувањето во еден британски поткаст, кога го прашаа со кого најмногу би сакал да оди на одмор во Грција, тој одговори без размислување: „Веројатно со мојата сопруга“.


Сепак, и покрај потврдата за брак, парот не планира да ги открие деталите од својот приватен живот во јавноста. Зендеја неодамна објаснила зошто верува дека одредени работи треба да останат само нивни.

„Свесна сум дека луѓето имаат голем интерес за мојот приватен живот и целосно разбирам зошто е тоа така. И двајцата сме јавни личности, пораснавме пред камери и во филмовите се заљубивме еден во друг. Но и покрај тоа, по природа сум многу приватна личност и се обидувам некои работи да ги чувам само за себе и за него“ нагласила актерката.


Зендеја истакнала дека таа и Холанд не се обидуваат да се кријат од јавноста, туку дека сакаат да го заштитат она што им е најдрагоцено.

„Го слушам интересот на луѓето, но имам свои граници кога станува збор за тоа за што сакам да зборувам и што сакам да споделам. Се обидувам да најдам рамнотежа помеѓу тие два свет“ заклучила актерката.