Обновено игралиштето во Нерези, Карпош најавува нови инвестиции во урбаната опрема

Макфакс

07/08/2026

15:00

176

Големина на фонт

а а а

Општина Карпош го обнови детското игралиште во Нерези и најави понатамошни инвестиции во модернизација на урбаната опрема со цел подобрување на условите за жителите.

Општина Карпош продолжува со реализација на активности за реконструкција и унапредување на урбаната опрема на детските игралиште и на јавните простори на своја територија.

Во изминатиот период се работеше во УЗ Нерези, каде што е целосно обновена урбаната опрема на детското игралиште. Притоа реконструирани се детските реквизити, поставен е нов песок, со што ова детско катче доби нов, модерен лик. Исто така, во рамките на овој спортско-рекреативен комплекс, се заменија и дотраените даски на летниковецот.

„Општина Карпош и во наредниот период продолжува со интензивна динамика да инвестира во реконструкција и модернизација на детските игралишта и урбаната опрема, со цел создавање поквалитетни и побезбедни услови за своите граѓани“, велат од општината.