Охриѓанец бил пуштен на викенд од затвор, па ја нападнал мајка му и фрлал предмети кон домот

Макфакс

08/08/2026

14:50

183

Големина на фонт

а а а

Во Охрид, 46-годишен маж, кој бил пуштен на викенд од затвор, бил уапсен поради физички напад и фрлање предмети кон својот дом, каде живее неговата мајка.

Синоќа во 22:40 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода С.Ѓ.(46) од овој град, по претходна пријава дека околу 21:00 часот физички ја нападнал неговата 67-годишна мајка и фрлал тврди предмети кон домот.

С.Ѓ. бил однесен во полициска станица, по што ќе биде спроведен во Казнено-поправната установа „Затвор Прилеп“, каде што издржувал казна затвор, а бил пуштен на викенд-отсуство, соопшти МВР.

По целосното документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.