Трамп е подготвен да ја заврши војната со Иран доколку се отвори Ормускиот теснец

Макфакс

09/08/2026

18:34

405

Големина на фонт

а а а

Претседателот на САД, Доналд Трамп, е подготвен да го заврши конфликтот со Иран доколку Иран го отвори Ормускиот теснец за пловидба, но барањата од Иран ги комплицираат преговорите.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, е подготвен да го заврши конфликтот со Иран без постигнување нов нуклеарен договор, доколку Техеран целосно повторно го отвори Ормушкиот теснец за пловидба, објави „Волстрит журнал“, повикувајќи се на американски официјални претставници.

Според извештајот, Трамп во приватни разговори им ја понудил оваа опција на своите високи соработници по неколкунеделни подготовки за прогласување победа, доколку Иран го обнови слободниот премин низ овој стратешки воден пат.

Сепак, постигнувањето договор стана потешко во саботата, кога Иран, меѓу останатите услови, побара исплата на милијарди долари од страна на САД, целосно повлекување на американските трупи од регионот и прекин на американската поморска блокада, пишува весникот.

Според весникот, овие барања ја претставуваат досега највисоката цена што Техеран ја побарал за овозможување слободен проток на сообраќајот низ Ормускиот теснец.