Приведени четири лица за нарушување на јавен ред и мир во Кочани

Макфакс

16/08/2026

19:20

265

Големина на фонт

а а а

Четири лица се приведени бидејќи вчера го нарушиле јавниот ред и мир во Кочани. Тие се степале на улицата „Теодосија Паунов“ во Кочани по што вечерта биле приведени.

– Вчера (15.08.2026) во 19:15 часот, полициски службеници од Полициската станица Кочани ги привеле Ж.В. (22), Ј.В. (19) и М.В. (47), сите од Кочани, како и И.А. (46) од село Баница, струмичко. Лицата биле приведени затоа што по претходна расправија на ул. „Тодосија Паунов“ во Кочани го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка во која учествувале шест лица, информира Министерството за внатрешни работи.

По преземените мерки и целосно документирање на настанот, против лицата биле поднесени соодветни поднесоци.

За целосно расчистување на настанот и утврдување на сите околности и евентуални пропусти при постапувањето, ќе бидат вклучени Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и Одделот за униформирана полиција, велат од МВР.