Во пожар што избувнал во хотелот „Бруклин“ во Валона, Албанија, повредени се шест лица, вклучувајќи петмина туристи од Косово и еден албански државјанин. Некои од повредените се во критична состојба и се лекуваат во болници во Тирана.
Повеќе туристи се повредени во пожар што избувнал во хотелот „Бруклин“ во приморскиот албански град Валона, при што петмина од повредените се туристи од Косово, а еден е албански државјанин.
Петмина од повредените биле пренесени на лекување во Тирана, додека еден од нив е во критична состојба.
Според Министерството за здравство, тројца пациенти се примени во Универзитетската клиничка болница „Мајка Тереза“. Еден од нив е во сериозна состојба поради висок процент на изгореници и потребно е континуирано медицинско следење и нега.
Уште двајца повредени се лекуваат во Универзитетската болница за трауматологија.
Медицинските установи соопштија дека здравствената состојба на повредените внимателно се следи и дека им се обезбедува потребната медицинска помош.








