Тотенхем подготвува трансфер бомба со купување на двајца играчи на Сити

Дерби

20/08/2026

07:42

496

Големина на фонт

а а а

Раководството на Тотенхем реши да инвестира навистина голема сума во летниот преоден рок, а менаџерот Роберто Де Ѕерби наскоро може да добие уште две големи засилувања.

Добро информираните англиски медиуми тврдат дека лондонскиот клуб е во напредни преговори со Манчестер Сити за трансфер не на еден, туку на дури двајца играчи, за кои ќе треба да биде одвоена и сериозна сума.

Уште одамна се шпекулира дека Савињо е многу блиску до Лондон, но сега на Бразилецот веројатно ќе му се приклучи и Омар Мармуш, кој исто така не е задоволен од својот статус во Сити и кај новиот менаџер Енцо Мареска.

Ангажирањето на тандемот од Сити подразбира инвестиција од најмалку 100 милиони фунти, а тоа ќе биде само надополнување за она што досега е потрошено.

Тотенхем веќе исплати 229 милиони фунти за трансферите на Тонали, Фернандеш и Ван Хеке, додека Сенеси, Робертсон и Дубравка дојдоа како слободни агенти.