Мурињо: Јамал е фантастичен играч, но за него нема место во мојот Реал

Дерби

20/08/2026

11:10

525

Големина на фонт

а а а

Интервјуто на Жозе Мурињо за „Ел Чирингито“ и натаму го привлекува вниманието на фановите, пред се поради конкретните и интересни прашања на Хозеп Педрерол, но и секогаш искрените, а понекогаш и контроверзни одговори на Португалецот.

Мурињо бил прашан што мисли за Ламин Јамал и дали го посакува во редовите на Реал Мадрид, па тренерот на „кралскиот клуб“ предизвика многу коментари со својот одговор.

– Не ми е потребен. Тој секако е фантастичен фудбалер, младо момче со голем потенцијал за напредок.

– Не е вообичаено на негова возраст да бидете европски и светски шампион, но ние имаме топ екипа и во моментов немаме место за него.

– Реал е мој тим и е најдобар тим, – рекол Мурињо.