Легендарната британска актерка Џоан Колинс (93) со децении им пркоси на годините, а многумина сакаат да го дознаат нејзиниот рецепт за младоликост, енергија и гламур. Славната дива никогаш не се откажувала од љубовта иако доживеала бројни љубовни бродоломи.
Денес актерката е во брак со холивудскиот продуцент Перси Гибсон кој е помлад од неа дури 32 години. Тие се венчале во 2002 година, а нивната љубовна приказна трае подолго од две децении. Се запознале две години претходно во Сан Франциско, каде Џоан глумела во претставата „Love Letters“, а Гибсон бил продуцентот. Меѓу нив веднаш се родила искра, но многумина се сомневале дека нивната врска ќе потрае.

Сепак, Џоан и Перси со години го докажуваат спротивното. Актерката ја опишувала нивната врска како нејзина најуспешна љубовна приказна, а еднаш истакнала дека се сакаат како сопружници и љубовници, но и како најдобри пријатели. Во јавноста често може да се видат како се држат за раце и се смеат, а нејзините пријатели тврдат дека тајната на младешкиот изглед на актерката е токму љубовта.

Инаку Џоан има бурно минато полно со турбулентни врски и големи разочарувања. Патот до среќата не бил лесен бидејќи поминала низ четири разводи. Таа имала особено болно искуство со својот прв сопруг, актерот Максвел Рид, со кого се омажила во 1952 година, кога имала 17 години.

„Тој имаше 31 година, а јас бев седумнаесетгодишна девица. Ме дрогираше додека бевме кај него и се освестив среде ноќ, се разбудив во неговата дневна соба додека тој беше интимен со мене. Во тие денови, мајка ми велеше дека сум „искористена“. Сега тоа го нарекуваме силување“, открила Џоан, која се развела од Рид во 1956 година, години подоцна.
По разводот, Џоан продолжила да бара љубов, а нејзин втор сопруг бил британскиот актер и пејач Ентони Њули. Тие се венчале во 1963 година и добиле две деца, ќерката Тара и синот Александар. Нивниот брак завршил во 1971 година, а веќе следната година таа се омажила за американскиот продуцент Рон Кас. Истата година, тие ја добиле ќерката Катјана и биле во брак повеќе од една деценија, а се развеле во 1983 година.
Актерката го кажала судбоносното „да“ по четврти пат на шведскиот пејач Питер Холм во 1985 година, но нивната врска била краткотрајна. Џоан поднела барање за развод, а бракот официјално завршил две години подоцна.

По четири неуспешни брака, Џоан била убедена дека никогаш повеќе нема да се омажи, но сè се променило кога го запознала Перси Гибсон. Таа тогаш имала 67 години, а тој 36, а нивната разлика во годините привлече големо внимание кај јавноста и обожавателите. Меѓутоа тоа не им претставувало пречка, па решиле да се венчаат и денес се заедно 26 години.










