Ограбена велешанка: Двајца мажи украле накит од нејзиниот дом

Макфакс

24/08/2026

13:20

106

Големина на фонт

а а а

Во Велес се приведени двајца мажи поради сомнение за кражба на накит од домот на 73-годишна велешанка. По завршување на истрагата, ќе бидат поднесени соодветни пријави до обвинителството.

На 22.08.2026 и 23.08.2026 во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишија од слобода 35-годишниот Е.А. и 36-годишниот Н.Н., двајцата од Велес, поради сомнение дека од домот на 73-годишна велешанка одзеле накит.

Известен е јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.