Дизелот надмина 100 денари – граѓаните скапо ги чинат промашувањата на Мицкоски

Макфакс

24/08/2026

15:20

372

Големина на фонт

а а а

Дизелот ја надмина цената од 100 денари за литар, што предизвикува ново поскапување на храната, транспортот и услугите, а граѓаните ја плаќаат цената поради промашувањата на политиките на Мицкоски.

Секоја најавена „мерка“ на Мицкоски за намалување на цените завршува со ново поскапување. Дизелот надмина 100 денари за литар. Ова е четврто поскапување за еден месец што ќе повлече и нови поскапувања на храната, транспортот, услугите. Четири пати поскапување, четири нови удари по џебот на граѓаните, додека Мицкоски си беше на екскурзија“, велат од СДСМ.

Со дизел над 100 денари ударот нема да остане само по џебот на граѓаните на бензинските пумпи.

Кога поскапува дизелот, поскапува транспортот, растат трошоците за производство и дистрибуција. Следува поскапување на храната и другите производи што граѓаните ги купуваат секој ден.

Затоа ова не е само проблем на возачите туку удар врз буџетот на секое македонско семејство.

Прескапа цената плаќаат граѓаните од својот џеб затоа што Владата на Мицкоски нема ниту решение, ниту мерка за заштита на стандардот на граѓаните.

Граѓаните скапо ги чинат неспособноста и промашувањата на Христијан Мицкоски“, се наведува во соопштението на СДСМ.