[ВИДЕО] Цело Скопје мириса на чад од пожарот на планината Жеден, активни 5 пожари

Точка

24/08/2026

15:06

1.197

Големина на фонт

а а а

Мирисот на чад којшто се чувствува во некои делови во Скопје доаѓа од пожарот на планината Жеден, некаде во атарот на село Бојане, пожар којшто од тетовска страна, сега полека се префрла кон скопската страна, извести директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.

Пожарот е на тешко пристапен терен, а на негово гаснење работат пожарникарите од Тетово, како поддршка на скопските пожарникари, кажа Ангелов и додаде дека очекува во попладневните часови да биде воспоставена контрола врз пожарот.

На пожарот кај Китка денеска интервенирал и хеликоптер на Министерството за внатрешни работи.

Од ЦУК нагласуваат дека до овој момент немаат добиено пријава за можен пожар на Водно, односно дека зачаденоста над главниот град не ја поврзуваат со пожар во самиот град.

Истовремено, на територијата на Општина Илинден се регистрирани два пожара на сува трева и нискодеградирана шума.


Според информациите на ЦУК за состојбата со пожарите на отворен простор до 13:00 часот денеска, 24 август, регистрирани се вкупно 14 пожари. Од нив, пет се активни, еден е ставен под контрола, а осум се изгаснати.

Засега, според ЦУК, чадот што попладнево е забележлив над Скопје е последица на пожарот кај Китка, чиј чад поради ветерот се шири кон главниот град.

Активни пожари – 5:

Општините Студеничани и Зелениково – с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер (Општина Студеничани), со крак кон с. Палиград и с. Вражале (Општина Зелениково), мешана шума;
Општина Македонски Брод – с. Драгов Дол, м.в. Видуш и кај с. Локвица, ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки;
Општина Илинден – кај Логистичкиот центар на КАМ, ниска вегетација;
Општина Илинден – с. Бујковци, ниска вегетација;
Општина Сарај – с. Бојане, шума.


Пожар под контрола – 1:

Општина Кичево – с. Тајмиште, м.в. Дарда, високостеблеста букова шума.

Изгаснати пожари – 8:

Општина Струмица – ул. „Ристо Ќурчиев“, ѓубре;
Општина Василево – с. Пиперево, ниска вегетација и ѓубре;
Општина Делчево – с. Бигла, борова и дабова шума и ниска вегетација;
Општина Куманово – ул. „Ѓорче Петров“, ѓубре;
Општина Јегуновце – с. Туденце, ниска вегетација;
Општина Гостивар – с. Горна Ѓоновица, ниска вегетација;
Општина Гостивар – с. Чајле, ниска вегетација;
Општина Врапчиште – с. Ломница и с. Ѓерѓевиште, мешана шума.