[ФОТО] Нема финале, исчезна Instagram профилот: Што се случува со Стефан Николовски?

Точка

24/08/2026

16:35

2.446

Големина на фонт

а а а

Вечерва требаше да се одржи финалната емисија на „Виц битка“, но наместо очекуваното финале – следуваше тишина. Емисијата не беше емитувана, а јавноста не доби ниту официјално објаснување, ниту претходна најава за нејзиното откажување.

Претходните изданија на „Виц битка“ сè уште се достапни на YouTube, но во меѓувреме исчезна Instagram профилот на Стефан Николовски, кој повеќе не може да се пронајде на платформата.


Дополнителна мистерија внесе и изјавата на Стефан Лазаров, близок пријател на Николовски. Тој вели дека е запознаен со она што се случило, но нагласува дека лично не би постапил на начинот на кој постапил Стефан. Сепак, Лазаров засега не открива повеќе детали ниту ги посочува причините за ваквиот потег.


Без финална емисија, без официјално објаснување и без Instagram профил – она што до вчера беше редовен дел од секојдневието на неговата публика, денес е обвиено со неизвесност.

Што се случи со Стефан Николовски? Зошто не се одржа финалето на „Виц битка“ и што стои зад исчезнувањето на неговиот профил?

Засега, Николовски не е достапен за коментар.