Актерката Сидни Свини објави снимка на која стои на крилото на двокрилен авион за време на лет, упатувајќи хумористична порака до Том Круз. Имено актерката се осврна на еден од неговите каскадерски трикови од филмот од 2025 година „Невозможна мисија – Финална одмазда“.
Стоење на крилото на авионот за време на лет
Ѕвездата од „Еуфорија“ во понеделникот на Инстаграм сподели снимка направена со „GoPro“ камера на која стои на горното крило на двокрилен авион додека авионот бил во воздух. Таа била прицврстена за структурата на авионот со безбедносна опрема и носела црвен елек и заштитни очила.
Видеото го прикажува авионот како изведува разни акробации, а во еден момент, 28-годишната Свини била свртена наопаку.
„Внимавај, Том Круз“, напиша актерката покрај видеото. Таа се осврна на сцена од филмот „Невозможна мисија – Финална одмазда“, во која Круз е на крилото на 80-годишен двокрилен авион „Стирман“. За време на снимањето на таа секвенца, авионот изведувал тешки маневри со голема брзина и на надморска височина од неколку илјади метри.
„Фала му на Бога што не отидов“
Британската компанија „The Wing Walk Company“, која организира вакви искуства и со која Свини го изведе својот лет, исто така одговори на нејзината објава. „Беше одлична… Обожававме што беше кај нас!“ ѝ напишаа во коментарите.
Се огласи и нејзиниот пријател и фотограф Еди Чен, кому идејата очигледно не му се допаднала толку многу. „Фала му на Бога што не отидов. Ќе се онесвестев“, се пошегувал тој.
Сака адреналински активности
Свини и претходно покажа дека сака адреналински активности. Кон крајот на јули објави снимки од патувањето низ Австралија и Нов Зеланд, на кои со своето момче Скутер Браун скокала банџи, се возела со хеликоптер и глисер.

Актерката повторно им се посветила и на боречките спортови додека се подготвувала за улогата на професионалната боксерка Кристи Мартин во биографскиот филм „Christy“. Инаку Свини се занимавала со бокс и други боречки спортови уште како тинејџерка, а за оваа улога повторно интензивно им се посветила на тренинзите. За „Vanity Fair“ раскажала дека за време на снимањето на борбените сцени актерите навистина се удирале.
Има неколку нови проекти
Свини минатата година глумеше во филмовите „Christy“ и „The Housemaid“, а се врати и во улогата на Кеси Хауард во третата сезона на серијата „Еуфорија“ на „HBO“. Покрај тоа, има уште неколку филмски проекти во подготовка.












