[ФОТО] Легендарниот голман „исчезна“, ретко кој го видел во последните 9 години: Неговата сопруга откри како изгледа денес

Супермен

25/08/2026

10:07

587

Големина на фонт

а а а

Нема фудбалски навивач кој го сака фудбалскиот клуб Барселона, а да не го памети голманот кој во текот на златната ера беше главниот бранител на голот на шпанскиот клуб во походот кон бројни титули.

Виктор Валдес долги години, од 2002 до 2014 година, настапуваше за првиот тим на фудбалскиот клуб Барселона, а во последните неколку години речиси и да не се појавува во јавноста.


Детето на овој клуб, во кој пристигна на 13-годишна возраст во 1995 година, Валдес запиша 535 настапи за клубот, со што е осми на вечната клупска листа. Со Барселона освои три титули во Лигата на шампионите, шест шампионски титули, два Купови на Шпанија, два европски Суперкупови, две титули на Светското клупско првенство и шест пехари во Суперкупот на Шпанија.


Валдес беше и вечна резерва на Икер Касиљас во националниот тим, за кој забележа 20 настапи од 2010 до 2014 година, период во кој се закити и со титулите светски и европски шампион. Потоа кариерата го одведе во Манчестер Јунајтед, Стандард Лиеж, со кој го освои Купот, а на крајот и во Мидлсброу, каде што во 2017 година, на 35-годишна возраст, реши да ѝ стави крај на кариерата.


По крајот на играчката кариера, накратко се впушти во тренерски води. Беше дел од младинските селекции на Барселона, потоа во сезоната 2020/21 работеше во Орта, а минатата година, на самиот крај од сезоната, беше во клубот Реал Авила, со кој не успеа да се пласира во третото ниво на натпреварување.


Меѓутоа Валдес во јавноста речиси исклучиво се појавува на фотографиите на својата атрактивна сопруга, колумбиската манекенка Јоланда Кардона, со која е во брак од 2017 година. Заедно имаат три деца, два сина и ќерка.

Јоланда има 44 години и сопствен бренд на костими за капење, кој го промовира на секој чекор, а неодамна објави фотографија со Виктор, со која откри како тој изгледа денес.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk