КАМ продолжува со својата посветеност кон унапредување на условите за работа и подобрување на финансиската сигурност на вработените преку нови зголемувања на платите во двата најголеми сектори во компанијата.
Зголемувањето на платите на вработените во Логистичкиот центар е веќе реализирано со мајската исплата, додека за вработените во нашите маркети промените стапија на сила со исплатата на јулската плата.
Со овие измени, на ниво на сите работни позиции во секторот Продажба, основната плата во просек е за 29% повисока од минималната плата во државата.
Воедно, просечната исплатена плата на ниво на компанијата е за 22% повисока од просечната исплатена плата во браншата.
Дополнително, како дел од континуираната грижа за својот тим, КАМ годинава ќе исплати регрес за годишен одмор во износ од 52.000 денари, кој е речиси три пати повисок од законски утврдениот минимален регрес во земјата.

Со тоа, КАМ повторно ја потврдува својата позиција како компанија која долгорочно и системски вложува во вработените, преку плати, надоместоци, бенефиции и подобри услови за работа.
- Во нашата компанија веруваме дека препознавањето и вреднувањето на трудот на вработените треба да биде континуиран процес. Затоа, покрај редовните усогласувања на платите, во континуитет го развиваме и системот за бенефиции за вработените. Последно изминатиот месец обезбедивме ваучери за пазарење во dm, што претставува уште еден начин да им се заблагодариме за нивната посветеност и придонес кон заедничкиот успех. Нашата цел е да создаваме работна средина во која луѓето се чувствуваат ценети, поддржани и мотивирани - велат од КАМ.
Како предводник во својата бранша, КАМ континуирано поставува нови стандарди во грижата за вработените, инспирирајќи ги и другите компании да ги следат нејзините практики.
Комерцијален текст












