Скриениот талент на ѕвездата од „Сулејман Величествениот“: Неговото тајно хоби прераснало во сериозен бренд

Точка

29/08/2026

16:33

1.029

Големина на фонт

а а а

Иако домашната и регионалната публика најмногу го памети по култните улоги во хит-сериите „Сулејман Величествениот“ и „Илјада и една ноќ“, Халит Ергенч зад сцената води сосема поинаков креативен живот.

Имено турската ѕвезда веќе цели 15 години активно учествува во дизајнирањето и производството на врвни хај-енд аудиосистеми и звучници.


Она што со години било скриена страст и приватно хоби на Ергенч, со текот на времето се претворило во сериозен и исклучително ценет претприемачки потфат, наменет за најпребирливите аудиофили.

Спој на музичкото образование и врвната акустика

Актерот, кој може да се пофали и со формално музичко образование, веќе деценија и пол директно учествува во самиот процес на дизајнирање, акустичен инженеринг и тестирање на звукот.

Посебен акцент се става на беспрекорниот избор на материјали, прецизноста на рачната изработка и врвните звучни перформанси. Неговите ексклузивни аудиосистеми се вбројуваат меѓу најдобрите во светот на луксузната опрема, за што сведочи и нивниот ценовен опсег.


Љубовта кон музиката и уметноста очигледно е длабоко вкоренета во нивниот дом. Имено и сопругата на Халит, популарната актерка Бергузар Корел, покрај успешната актерска кариера, со години негува голема страст кон пеењето. Таа има снимено забележителни музички албуми и редовно ја воодушевува публиката со своите вокални изведби, па затоа не изненадува што во нивното семејство врвната акустика и квалитетниот звук имаат посебно, речиси култно место.