Сончево и топло со мала до умерена облачност: во попладневните часови услови за локална нестабилност

Макфакс

01/09/2026

07:40

166

Големина на фонт

а а а

Денешното време ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи во одредени делови. Во наредните денови очекувања се за слични услови, а посилни нестабилности се очекуваат во среда и четврток.

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Наместа ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 37 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Времето во наредните денови

Во наредните денови времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност која ќе биде поизразена во среда и четврток кога процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен ветер, пороен дожд, грмежи и услови за појава на град. Во петок и за време на викендот ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.