Дел од општината Карпош денеска без вода

Макфакс

01/09/2026

07:41

127

Големина на фонт

а а а

ЈП Водовод и Канализација известува за прекин на водоснабдувањето поради дефект на водоводна цевка во општината Карпош, поради што дел од корисниците нема да имаат вода во текот на денешниот ден.

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на водоводна цевка од ф – 200 мм на улицата Васил Ѓоргов б.б – спроти Завод за Вработување, без вода ќе останат дел од корисниците од улиците Васил Ѓоргов и Франклин Рузвелт, општина Карпош.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 08.30 часот па се до отстранување на дефектот.