ЕВН Македонија АД известува дека денеска делови од општините Аеродром и Центар ќе бидат без електрична енергија поради планирани интервенции.
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од улицата Тодор Чангов лоцирани спроти ресторант Рагуза, дел од корисниците од улицата Бранко Гапо како и дел од корисниците од улицата Тодор Чангов – крак 17, општина Аеродром;
– во периодот од 08.30 до 14.00 часот, корисниците од улицата 1732 во Градски Парк лоцирани кај тениското игралиште Југ, објектот на К.К Работнички, како и објектите на ресторантите Уранија, Маракана и Вршац, општина Центар.








