ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ: Герасимовски заедно со кадрите на Венко и Заев со троцифрен број на одобренија за градба, да не глумат борци против бетонизацијата

Макфакс

01/09/2026

09:40

85

Големина на фонт

а а а

Во соопштението од ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ се критикува Горан Герасимовски за одобренија за градба и неговата улога во општината, истакнувајќи ја корупцијата и критиките за бетонизацијата во Општина Центар.

Горан ‘бетон’ Герасимовски, со троцифрен број на одобренија за градба, најмалку има право да зборува за бетонизација, уште помалку да ја обвинува опозицијата во Општина Центар, каде што ТОЈ владее заедно со кадрите на Венко и Заев. Кога на Горан не му успеваат намерите, тогаш за него време е да стопира градби за кои веќе има дадено одобрение“, велат од ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ.

„Како му беше сè во ред кога издал одобрение за градба, а сега глуми борец против бетонизацијата која ТОЈ ја спроведува.

Шемите им смрдат на КОРУПЦИЈА, а нивното расипништво има докажан континуитет.

СДСМ и Герасимовски најмалку имаат право да зборуваат и за интересот на центарци, бидејќи се покажа на дело дека мислат само на себе. Истите методи што сега ги спречивме, во минатото ја чинеа Општина Центар 2,5 милиони евра отштета за градежната компанија „Пелагонија“, која сè исплаќаше со години.

Ако и оваа одлука им поминеше на Совет, уште колку милиони евра ќе требаше да плаќаат центарци, само поради неуспешни комбинаторики на Горан, за кои зборува цел Центар?“

“, се наведува во соопштението од ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ.