Италијанскиот прволигаш Јувентус не може да смета на сите сили, ресурси на почетокот на оваа сезона, а така ќе биде и следниов период, веројатно до крајот на оваа календарска година.
Најдобриот играч Кенан Јилдиз мораше да оди на операција и ќе биде во „аут“ неколку месеци, но вакво слично сценариот го очекува и Кефрен Турам. Французинот има проблеми со коленото, не настапи на ниту еден натпревар во подготовките, посетил и специјалист кој го советувал да биде направена операција која ќе се изведе.
Според информациите на италијанските медиуми ова ќе значи крај за Тирам кога е во прашање 2026 година и ќе може да се врати на терените во 2027.
Фудбалерот од средината на теренот има 25 години и договор со „бјанконерите“ до 2029 година.








