Престижната награда „Златна топка“ ќе биде доделена следниот месец, а како се ближи терминот за свеченото доделување, има и се повеќе коментари и прогнози за тоа кој треба или кој ќе ја освои.
Првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас, во последната изјава за медиумите истакнал дека има свој фаворит, но тоа е и фудбалер кој не треба да има конкуренција за признанието поради настапот на последниот мундијал.
– Иако Родри не играше долго поради сериозната повреда, прикажа неверојатно ниво на светското првенство.
– Мислам дека тој треба да ја освои „Златната топка“, – рекол Тебас, кој го повторил ставот на селекторот Луис де ла Фуенте дека Родри е „Меси на шпанскиот фудбал“.
Она што радува Тебас е што Родри навистина е меѓу фаворитите за изборот на најдобар светски фудбалер, а за Ла Лига е посебно значајно да го има носителот во еден од своите клубови.






