На Тиквешки гроздобер уапсени двајца кавадарчани: при преглед пронајдена дрога и пари

Макфакс

05/09/2026

10:50

154

Големина на фонт

а а а

За време на културната манифестација Тиквешки гроздобер во Кавадарци, двајца мажи од Кавадарци се уапсени поради пронаоѓање на дрога и пари при преглед. Тие биле под дејство на алкохол и се приведени во полициска станица, а против нив ќе биде поднесена пријава.

Вчера во 20:50 часот за време на одржување на културна манифестација „Тиквешки гроздобер“ во Кавадарци, полициски службеници од СВР Велес и ОВР Кавадарци ги лишија од слобода 42-годишениот Г.П. и 42-годишениот В.Ќ., двајцата од Кавадарци.

При преглед кај Г.П. била пронајдена и одземена бела прашкаста материја, а кај В.Ќ. биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, пари и телефон.

По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека тие биле под дејство на алкохол, односно на Г.П. му биле измерени 0,53 промили, а на В.Ќ. му биле измерени 0,44 промили алкохол во крвта.

Лицата се приведени во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.