Во Охрид е уапсен 24-годишен Турчин кој се сомничи дека врбувал и поттикнувал лице за вршење проституција. Против него ќе биде поднесена кривична пријава по целосното расветлување на случајот.
На 03.09.2026 година во 11 часот, на булеварот „Туристичка“ во Охрид, лишен од слобода е 24-годишниот Р.К. од Истанбул, Република Турција.
Тој, се сомничи дека врбувал, поттикнувал, намамувал или учествувал во предавање на лице на друг, заради вршење проституција.
По целосно расветлување и документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.








