Денес времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и ветер од северозападен правец. Максималните температури ќе достигнат до 37 степени, а во Скопје до 33 степени.
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува и ќе достигнува брзина од 60 километри на час. Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 37 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 33 степени.








