[ФОТО/ВИДЕО] Никола Пелц во моќна креација на Баленсијага ја маѓепса Венеција: Првпат се појави на Мостра и воодушеви со својот изглед

Точка

06/09/2026

13:04

1.026

Големина на фонт

а а а

Меѓународниот филмски фестивал во Венеција секоја година ги собира љубителите на филмската уметност, а како и секогаш, големо внимание е насочено и кон црвениот килим, каде што од ден на ден со нетрпение се очекуваат модните изданија на познатите личности.

Синоќа црвениот килим беше особено во центарот на вниманието, со оглед на тоа што по него прошета пар кој во последните месеци се наоѓа во фокусот на светската јавност.

Имено актерката Никола Пелц на годинашната Мостра ја освои наградата „Ѕвезда во подем“, а по црвениот килим прошета заедно со својот сопруг Бруклин Бекам.


Синот на славниот пар Дејвид и Викторија Бекам, кој пред неколку месеци јавно откри детали за односот со своето семејство и причините поради кои повеќе не се во контакт, ѝ беше голема поддршка на својата сопруга. Ова е нивно прво официјално појавување на некој настан откако се во „тивка војна“ со неговото семејство.


Бруклин на годинашната Мостра се појави во елегантен црн смокинг со црна пеперутка-машна, држејќи ја својата сопруга за рака. Парот разменуваше нежности, а фотографите успеаја да го забележат и нивниот бакнеж на црвениот килим.


За специјалната пригода и големиот момент во нејзината кариера, Никола избра и посебен фустан.

Актерката синоќа на Мостра блесна во кобалтно син фустан од модната куќа „Баленсијага“, кој има интересен крој.


Горниот дел бил асиметричен, со набори и интересен отвор во пределот на стомакот, кој открива дел од телото и ја направи оваа креација атрактивна и модерна.

Долниот дел се состои од тесно здолниште кое ја следи линијата на телото, а потоа се шири во драматична, широка опашка.


Интересен бил и детаљот на главата, кој наликува на качулка и ѝ дал навистина посебен печат на целата комбинација.

Никола се решила за полуподигната фризура, додека шминката ѝ била ненаметлива и во природни тонови, со што на вистински начин ги истакнала своите црти на лицето.