[ФОТО] Славната манекенка позираше топлес во кревет – градите ги прекри со мачка

Супермен

07/09/2026

15:08

441

Големина на фонт

а а а

Кара Делевињ ја разбуди фантазијата на своите следбеници откако на фотографија објавена на Инстаграм позираше топлес во кревет. Пејачката и манекенка неодамна позирала за списанието „Плејбој“, а потоа го објави и спотот за новата песна „Crazy, Baby“, во кој исто така се појавува топлес.

Покажувајќи го својот лежерен стил, 34-годишната Делевињ беше без шминка и без горен дел, носејќи само сиви кратки шорцови во креветот, додека ја галела својата персиска кратковлакнеста мачка. Покрај фотографијата напиша: „Галење“.


Таа сподели и фотографии со својата девојка Минке, со која е во врска од 2022 година, како и фотографии од сончањето на балконот.


Славниот ангел на „Викторија Сикрет“ претходно беше успешна манекенка и актерка, а од оваа година ја започна и својата музичка кариера, кога ги претстави своите две дебитантски песни – „I Forgot“ и „Out Of My Head“.


Во најновиот спот таа танцува во долна облека, а градите ги прекрива со рацете додека позира на лента за трчање.


Во последните месеци сè почесто ја открива таа страна од себе и изјави дека ѝ е „забавно да биде гола“, особено откако позирала за насловната страница на „Плејбој“. Со тоа стана првата лезбијка која се појавила на насловната страница на ова списание.



„Веќе сум била гола на снимања, во филмови. Но, секогаш се чувствував малку непријатно кога го правев тоа за некој друг – секако, тоа беше мој избор и се согласив, но никогаш поради тоа не се чувствував посилна. Не се чувствував добро по таквите снимања. Но, денес навистина многу се забавував. Никогаш не сум се чувствувала поудобно во своето тело и со својата сексуалност. Чувствувам дека сум во најдобрите години како жена и како сексуално битие“, изјави манекенката за снимањето на насловната страница.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk