Канада возврати на САД: стапија во сила царини до 50 проценти

Макфакс

08/09/2026

10:21

889

Големина на фонт

а а а

Денес, Канада воведе царини за Соединетите Американски Држави, кои се однесуваат на увоз на американска стока во вредност од околу 20 милијарди американски долари (17,2 милијарди евра), објави канадското Министерство за финансии.

Новите царини се однесуваат на речиси 700 американски производи, со стапки кои се движат од 15 до 50 проценти, а воведените царини се однесуваат на производи направени од челик и алуминиум, како и на земјоделска опрема, предмети за домаќинството како што е тоалетна хартија, објавува „CBC“.


Одлуката на Канада дојде откако администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп воведе царини од 50 проценти за канадска стока и по неуспехот на трговските преговори.

Претседателот на Канадската федерација на независни бизниси (CFIB), Ден Кели, која претставува повеќе од 100.000 мали и средни бизниси низ целата земја, рече дека оваа последна ескалација во трговската војна предизвикува кај некои од нејзините членови да се чувствуваат како владата да ги прогласила своите компании за потрошен материјал, бидејќи поради воведувањето на американските царини, материјалите увезени од таа земја ќе станат поскапи.


„Тие се чувствуваат како да се топовско месо во трговската војна со Соединетите Американски Држави. Тоа не е добро чувство. Претходните рунди (на царини) влијаеја на големите стоки и работи како автомобили. Оваа рунда е насочена кон моите членови, сопственици на мали и средни бизниси низ Канада, кои се во навистина тешка положба во моментов“, рече Кели.