Собранието ја организира Третата регионална конференција посветена на парламентарен надзор и важноста на улогата на парламентите во процесот на пристапување кон Европската унија, со акцент на регионалната соработка и демократските механизми.
Собранието е домаќин на Третата регионална конференција посветена на улогата на ефикасниот парламентарен надзор во унапредувањето на процесот на пристапување кон ЕУ. Конференцијата е поддржана од Германското сојузно министерство за економска соработка и развој (BMZ), преку Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ), во рамките на активностите на Мрежата на секретаријати на парламентарните комисии за европска интеграција/европски прашања на парламентите од Западен Балкан.
Дискусии за клучни функции за законодавната и надзорната функција, парламентарната дипломатија, административните капацитети, комуникацијата и видливоста, како и за улогата на парламентите во следењето на Реформската агенда, се од исклучителна важност. Тие треба да резултираат со конкретни заклучоци и препораки што ќе ги зајакнат нашите институции.
Потпретседателот на Собранието во своето обраќање и претседател на Комисијата за европски прашања истакна дека европската интеграција претставува стратешка цел на сите земји од Западен Балкан. Тој нагласи дека процесот на пристапување кон Европската Унија во Република Северна Македонија е прифатен со широк политички и општествен консензус.
Говорејќи за улогата на парламентите во процесот на европската интеграција, тој посочи дека националните парламенти имаат клучна улога во спроведувањето на реформите, усогласувањето на законодавството со европското право и обезбедувањето на демократскиот надзор врз процесот на пристапување.
Порака од генералната секретарка во своето поздравно обраќање, Марина Димовска, генерална секретарка на Собранието, истакна дека ваквите конференции имаат посебна вредност затоа што овозможуваат директен и отворен дијалог, размена на искуства и заедничко разгледување на предизвиците и можностите со кои се соочуваат парламентите во Регионот на патот кон ЕУ.
Значење на процесот на европска интеграција не е само процес на усогласување на законодавството со европските стандарди. Тој е суштински процес на институционална трансформација, зајакнување на демократските механизми, владеењето на правото, транспарентноста и одговорноста на институциите. Ефективниот парламентарен надзор подразбира создавање систем во кој институциите се меѓусебно одговорни, одлуките се носат транспарентно, јавните политики се предмет на аргументирана дебата, а преземените обврски во процесот на европска интеграција се следат, оценуваат и навремено исполнуваат.
Заеднички предизвик е парламентарниот надзор да биде ефективен, професионален и транспарентен – рече Димовска.
Министерот за европски прашања Беким Сали истакна дека парламентите се во сржта на процесот на европската интеграција и имаат исклучително значајна улога во неговото спроведување.
Тој посочи дека токму парламентот ја поттикнува инклузивноста и транспарентноста во процесот на спроведување на реформите, нагласувајќи дека брзината во донесувањето на реформите не треба да биде поважна од нивниот квалитет. Патот кон ЕУ треба да биде проследен со подобри јавни услуги, поефикасни институции и поквалитетен општествен живот за сите граѓани – заклучи тој.
Амбасадорот на Германија Јан-Аксел Фос, в.д. амбасадор на Сојузна Република Германија во Скопје, истакна дека проширувањето на Европската Унија претставува приоритет и јасна определба на германската Влада и е дел од нејзината секојдневна работа. Како в.д. амбасадор во земјата, Фос посочи дека во изминатиот период забележал напредок во спроведувањето на реформската агенда.
Во однос на улогата на Собранието, тој нагласи дека парламентот има клучно значење во обезбедувањето меѓупартиска дебата, спроведувањето на реформскиот процес, како и во вршењето на демократскиот мониторинг и надзор врз работата на извршната власт.
Втората сесија - регионална соработка
Во однос на втората сесија на тема: Парламентите како носители на соработката: значењето на парламентарниот придонес за зајакнување на регионалната соработка, Маја Рибар-Саркиновиќ, политички советник, Совет за регионална соработка и Ана Крстиновска, извршен директор, Естима имаа свои презентации за актуелните приоритетни области во рамките на регионалната (и меѓурегионалната) соработка и како парламентите можат активно да придонесат преку надзорната функција, парламентарната дипломатија и другите клучни функции.
Рибар-Саркиновиќ посочи дека Западен Балкан останува во центарот на европската стратешка агенда, во времиња на глобална неизвесност, регионалната соработка е една од нашите најмоќни механизми, тоа е нешто што заеднички може да се изгради и ги прави нашите економии и општества посилни без разлика на поширокиот геополитички контекст. Во минатите години регионалната соработка се преструктуираше од посветеност во конкретни резултати, граѓаните и бизнисите го чувствуваат ова во секојдневниот живот.
Парламентите имаат клучна улога, но регионалната посветеност треба да биде пренесена и во домашните активности преку буџети, надзор на извршна власт, политички дијалог во регионот. Преку парламентарни мрежи, дијалог на соседни парламенти, ова може да се постигне и регионалната соработка да стане дел од рeдовната работа на парламентите. Оттука, парламентарната вклученост значи одржување на довербата на јавноста.
















