Левандовски и Де Пол се „закачија“, Аргентинецот му се перчеше на ривалот со освоените трофеи

Дерби

10/09/2026

13:07

496

Големина на фонт

а а а

Роберт Левандовски го предводеше Чикаго на домашен терен во дуелот со актуелниот МЛС шампион Интер Мајами, а интересот за натпреварот обезбеди и нов рекорд на посетеност на стадионот на Фајр.

Левандовски постигна гол, Меси испорача важна асистенција во ремито 1:1, но на теренот имаше и тензични моменти, кои сега се вирални на социјалните мрежи.

Во една мешаница во која Левандовски се туркаше со играч на Интер Мајами, се вмеша и „телохранителот“ Родриго Де Пол, кој реши да се му спротивстави на полскиот интернационалец.

Обидувајќи се вербално да го понижи, Де Пол го прашал Левандовски „Кој си ти?“ и му ги наброил трофеите освоени со аргентинската репрезентација, односно една мундијалска титула и два трофеи на Копа Америка.

Ситуацијата предизвика многу реакции бидејќи голем дел од фановите не се сигурни дека Де Пол треба толку да ги истакнува трофеите бидејќи не може да каже дека бил меѓу најважните играчи на „гаучосите“, додека Левандовски покрај многуте шампионски титули во Германија и Шпанија, го предводеше до Баерн до европска титула, а и беше оштетен што не доби „Златна топка“ бидејќи таа година не беше доделено признанието.