[ФОТО] Женствена, а воедно и заводлива: Секси издание на атрактивната пејачка кое ќе ве остави без зборови

Точка

11/09/2026

13:15

265

Големина на фонт

а а а

И Рита Ора присуствувала на еден голем настан, а за таа пригода одлучила да облече фустан на вистинска заводничка.

Гала вечерата „Caring For Women“ собра многу познати ѕвезди. Хуманитарниот настан е посветен на жените и се чини дека повеќето од познатите дами се одзваа на овој повик. Вниманието на јавноста го привлекоа бројни убавици од различни сфери на уметноста, а една од нив остави многумина без здив.


Станува збор за пејачката Рита Ора, која блесна во атрактивна креација. За оваа пригода, таа одлучи да облече струкиран макси фустан изработен од црна кожа кој ја истакнуваше нејзината витка фигура.

Оваа минималистичка креација е украсена со тенки прерамки, кои ги нагласуваат нејзините нежни женствени рамена, но и со змиски дезен кој му даваше на целото издание заводлив шмек.


Впечатливо беше и пристојното деколте, кое само малку го „зачинил“ изгледот Рита Ора. Што се однесува до остатокот од стајлингот, таа избрала високо стилизирана пунџа, како и шминка во впечатливи темни тонови.

Намерата зад ова издание беше повеќе од јасна - таа сакаше да го привлече вниманието на јавноста со својот „убиствен“ изглед, а судејќи според фотографиите, може да се каже дека успешно го постигна тоа.


Што мислите вие за ова издание на Рита Ора?