Комо дебитираше во Лигата на шампионите и тоа на фанстатичен начин со убедлива победа над бундеслигашот РБ Лајпциг од 4-1.
Калчолигашот одигра импресивен меч како со години да е дел од ова натпреварување, триумф во кој четири различни играчи се запишаа во листата на стрелци, а Нико Паз беше човекот кој запиша две асистенции.
- Беше историска вечер, имавме неверојатен натпревар, бевме толку возбудени што ќе го играме овој натпревар и навистина сме среќни.
- Токму за вакви ноќи сакав да останам, знаев дека тука ќе пораснам најмногу и навистина сум задоволен од мојата одлука. Го направив вистинскиот избор, - порача Аргентинецот кој летово одби да се врати во Реал Мадрид, па се пронајде решение и тој остана во редовите на италијанскиот прволигаш.








