Веднаш стана хит на социјалните мрежи: Бизарно интервју со незаинтересираниот Олисе

Дерби

11/09/2026

12:25

392

Големина на фонт

а а а

Мајкл Олисе постигна два гола и забележа асистенција во победата на Баерн Минхен над Бодо Глимт во Лигата на шампионите и на крајот сосема заслужено го понесе признанието за најкорисен играч на натпреварот.

Меѓутоа и покрај ваквото издание Французинот воопшто не беше среќен и одработи едно чудно, па може и да се каже бизарно интервју за ДАЗН во кое даваше кратки одговори, поточно новинарот буквално како со „клешти“ да мораше да му ги вади зборовите.