Поранешниот англиски репрезентативец и некогашен тренер на Астон Вила и Тотенхем испрати критики на адреса на скапото засилување на Ливерпул, Бредли Баркола.
Фрацузинот се најде во почетната постава на „црвените“ во дуелот со Атлетико Мадрид во Лигата на шампоните, одигра 60 минути во кои неколкупати се најде во одлична шанса за погодок, меѓутоа не успеваше да ги круниса акциите.
- Имаше многу можности. Изгледаше како закана, но имаше неколку можности да го матира Облак и едноставно не можеше да ја најде завршницата. Не е фантастичен финишер, морам да го кажам тоа. Пропушти неколку зицери.
- Добрата работа кај него е што ги растегнува одбранбените играчи.Тој трча без топка, па не мора да ја поседувате топката и да дриблате. Тој оди, проверува и прави добри трчања, - истакна Шервуд.








