68-годишен маж од Гостивар е приведен откако ја нападнал својата сопруга и ѝ го оштетил мобилниот телефон. Инцидентот бил пријавен во полиција, каде што во продолжение полицијата го лишила од слобода лицето и започнала документирање на случајот.
Гостиварец приведен во полиција, ја нападнал сопругата и ѝ го скршил телефонот
68-годишен гостиварец е приведен откако неговата 65-годишна сопруга пријавила дека ја нападнал во нивниот семеен дом, а потоа ѝ го оштетил и мобилниот телефон.
Според пријавата, инцидентот се случил вчера околу 15 часот, по што жената се упатила во полициската станица за да го пријави сопругот. Во моментот кога таа пристигнала во полицијата, тој наводно продолжил со заканите кон неа.
Полицајците го лишиле од слобода И.П. околу 18:30 часот на улицата „18 Ноември“ во Гостивар и го задржале во полициска станица.
Од МВР информираат дека случајот се документира, по што против 68-годишникот ќе следува соодветен поднесок.








