ЗНАМ: Магичните трикови на Горан Бетоњерка Герасимовски за бесплатни оброци за сите ученици

Макфакс

14/09/2026

10:20

195

Големина на фонт

а а а

Во текстот се прикажуваат критики кон ветувањата на Горан Герасимовски за бесплатни оброци за учениците кои се сведеја на субвенциониран оброк, со што се оценува како политички трик кон граѓаните на Општина Центар.

ЗНАМ го прашува Горан Герасимовски: „Како од ветувањето кое прво го даде во 2021 година, а потоа рециклирано го повтори на 30 септември 2025 година за бесплатни оброци за сите ученици и заштеда од 2.500 денари во домашниот буџет на родителите, мерката магично се промени во субвенциониран оброк од едвај 1.000 денари и тоа на трансакциските сметки на родителите?“

„​Наместо целосно бесплатен оброк, како едно од главните предизборни ветувања, кој требаше да значи реална поддршка за секое семејство, големите зборови и ветувања за собирање политички поени кога дојде време за реализација се претворија во обична козметичка мерка. Овој обид за замајување на јавноста е директно потценување на граѓаните и родителите од Центар.

​Герасимовски се обидува да ги изманипулира центарци, но тоа останува само на обид. Жителите на Општина Центар многу добро ги препознаваат ваквите политички трикови и јасно знаат на што се“ велат од ЗНАМ.