Интер го очекува соочување со Удинезе, меч на кој шампионот ја има улогата на фаворит и на кој посакува освојување на трите бода со што би го задржал максималнот учинок во Серија А по четири одиграни кола.
Овој натпревар за „нероаѕурите“ доаѓа по лудата и драматична победа над Наполи, но и поразот од Реал Мадрид во почетната рунда во Лигата на шампионите.
Има позитивни и негативни работи, но тренерот Кристијан Киву е задоволен и смета дека ова е патот кон кој екипата треба да се движи.
- Целта е да продолжиме да растеме и да се развиваме, прерано е да се донесуваат одлуки, бидејќи сè уште сме на почетокот на сезоната. Ако судиме само според резултатите, може да има некои критики, но јас гледам добри работи и не сме фокусирани само на тоа. Ги разгледуваме принципите што сакаме да ги додадеме, без да ја изгубиме вербата во добрите работи што ги видовме против Наполи и Реал Мадрид.
- Ги читам тие два натпревари заедно, бидејќи потрошивме многу енергија против Наполи со тој камбек и 72 часа подоцна бевме на Бернабеу. Ми се допадна храброста, карактерот, реакцијата по грешките. Ги земам позитивните работи, бидејќи ова е патот по кој сакаме да одиме, - порача Романецот.








