[ВИДЕО] Моќниот Зверев го преслуша Шелтон и дојде до пехарот во Њујорк

Дерби

14/09/2026

08:18

375

Големина на фонт

а а а

Најдобриот германски тенисер, Александер Зверев е победник на овогодишеното издание на Ју-Ес Опен и тоа откако во завршниот меч на турнирот успеа да биде подобар од домашниот фаворит и миленик Бен Шелтон.

Зверев го искористи поголемото искуство од вакви натпревари како и фактот дека Шелтон му одговара како противник, па со 6-3, 7-6(2), 5-7 и 6-2 дојде до втората титула на грен слем турнирите.

Тој е четврти тенисер кој во Опен ерата успеал да ги освои првите два грен слем пехари во иста година. Само за потсетување тој во оваа календарска година беше најдобар на Ролан Гарос во Париз, но имаше и добри резултати во Мелбурн и Лондон каде играше полуфинале и финале.

Од друга страна Шелтон пак ќе побара друга прилика да дојде до титула на оваа сцена, а Енди Родик и понатаму останува последен Американец кој славел на Ју-Ес Опен и тоа во 2003 година.