Новајлиите во директна битка за бодови во Чаир

Дерби

14/09/2026

13:44

170

Големина на фонт

а а а

Седмото коло во Првата македонска фудбалска лига ќе биде затворено со дуелот меѓу Шкендија Арачиново и Скопје, меч закажан за денеска од 16 часот во Чаир.

Ова е дуел на две екипи кои лани играа во Втората лига, две екипи кои сега се дел од домашната фудбалска екипа со тоа што Шкендија многу подобро се снајде во досегашниот тек и освои седум бода повеќе од Скопје.

„Црвено-црните“ важат за благи фаворити на хартија, но тоа ќе мора да го потврдат на теренот.

- Како и на секој натпревар, така и сега, одиме на победа. Знаеме дека нема да биде лесно, но сѐ што направивме досега мора да го потврдиме против Скопје и да ја израдуваме нашата публика на домашен терен, порача Миле Тодоров за официјалниот сајт на ФФМ.

Скопје ангажираше неколку нови имиња и има оптимизам дека почнувајќи од денеска ќе се освојуваат повеќе бодови.

- Подготвени сме за надигрување и размислуваме за победа, - велат од тимот од Автокоманда.