[ВИДЕО] Кос: Очекуваме Северна Македонија да ги вклучи Бугарите во својот устав за да се движи напред кон ЕУ

Макфакс

17/09/2026

09:57

1.241

Големина на фонт

а а а

Еврокомесарката Марта Кос истакнува дека за Северна Македонија е неопходно да ги внесе Бугарите во својот устав како услов за продолжување на евроинтегративниот процес и напредок кон Европската унија.

Еврокомесарката за проширување Марта Кос вели дека Македонија треба да ги направи уставните измени со кои Бугарите ќе бидат внесени во Уставот, како услов за продолжување на евроинтегративниот процес.

Во интервју за бугарскиот БНТ на прашањето како може да влијае врз Скопје да ги направи уставните измени, Кос порача дека верува оти со новата бугарска Влада ќе се најде начин процесот со Северна Македонија да продолжи.

„Ова е многу добро прашање и би била многу среќна ако го искористиме овој момент на проширување и за Северна Македонија. Верувам во новата бугарска владa, со која соработувам многу добро. Сите ние заедно ќе најдеме начин да го движиме процесот напред со Северна Македонија. Секако, владата во Северна Македонија мора да го одржи своето ветување. Тие мора да го променат својот устав, ова е договорено меѓу Северна Македонија и 27-те земји-членки на ЕУ. Откако ќе се направи ова, ќе сметам на поддршката и од вашата земја, за да продолжиме напред и со Северна Македонија.“